(Видео) Невеста починала на денот на свадбата, па младоженецот се венчал со сестра ѝ

(Видео) Невеста починала на денот на свадбата, па младоженецот се венчал со сестра ѝ

пред 4 години

Девојка од Индија по име Сурби, починала на денот на нејзината венчавка, па нејзиниот свршеник, Мањеш Кумар, решил да ја земе сестра ѝ Ниша за жена, пишуваат британските медиуми.

Венчавката ја направиле уште пред да ја погребаат Сурби, а нејзиното тело лежело во собата, додека Мањеш и Ниша си ги разменувале заветите.

Бизарниот настан се случил во местото Етавах, во државата Утар Прадеш. Сурби починала од срцев удар додека ги разменувала венците со цвеќиња со Мањеш. Лекарот кој пристигнал од соседното село, не можел да и помогне.

Братот на Сурби, на новинарите им кажал дека двете семејства се согласиле помладата сестра Ниша да се земе со младоженецот. Несреќната Сурби била погребана по венчавката.

Share
Scroll to Top