Новак Ѓоковиќ вчера ги отвори тениските терени во Археолошкиот парк „Равне 2“ во Високо, Босна и Херцеговина, а по свечениот дел и натпреварите, следуваше порелаксиран дел од дружењето.
Ѓоковиќ одигра натпревари против Алдин Шеткиќ, Аљаж Бедене и Иван Додиг, потоа играше во двојки со Шеткиќ против Бедене и Додиг.
Тенисерот број еден, заигра танго со светската шампионка Валентина Вавра.
Музички гостин на програмата беше хрватскиот пејач Горан Каран и српската пејачка Милица Тодоровиќ. Новак побара Тодоровиќ да му ја отпее „Цесарица“, на која се расположи се приклучи кон хорското пеење на хитот на легендарниот Оливер Драгојевиќ.