По Америка, Британија, Шпанија, Полска, нов монолит се појави и во Австралија. Прво се појави, а потоа и мистериозно исчезна без трага монолит.
За разлика од другите монолити, кои се појавија низ неколку делови во светот, а потоа истите исчезнаа, на овој во Австралија биле врежани координати на три локации, меѓу кои се најде и кулата на Трамп.
На местото каде пред неколку недели се наоѓал монолитот, сега останале само три носечки челични столба. Како и во претходните случаи, потеклото на австралискиот монолит е непознато. Интересно е само тоа дека на него биле врежани координати на три локации.
The metal monolith at Noarlunga has disappeared not long after it was discovered. The three-meter tall structure, covered in cryptic markings, was first sighted on Thursday afternoon in a field. https://t.co/bm64fltphu #7NEWS pic.twitter.com/uzxfKpMjv0
— 7NEWS Adelaide (@7NewsAdelaide) December 12, 2020
На врвот бил врежано местото на кулата на Доналд Трамп во Њујорк, а другата се однесува на населениот дел на Северните Маријански Острови, недалеку од Гуама. Третите координати, упатуваат на Сфинга, во пустина во Египет.
Ова е уште еден во низата монолити кои мистериозно се појавиле, а по некое време, на ист начин исчезнале, во различни делови на светот и станале тема на интезивни расправи на социјалните мрежи.
За потсетување, неодамна група на уметници Most famous artist, објавила дека стои зад поставувањето на овие структури, кои и ги понудиле на продажба, по цена од 45.000 евра.
Но, и по ова признание, монолитите и понатаму се појавуваат.