(Видео) Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм

(Видео) Објавен нов трејлер за првиот македонски долгометражен анимиран филм

пред 6 часа

На официјалната Фејсбук страна на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, објавен е нов трејлер.

„Со задоволство Ви ја претставуваме американската верзија на новиот трејлер на Јон Вардар против Галаксијата! Благодарност до Давид Мука за нарацијата и Валентино Скендеровски за снимањето на истата“, пишува во описот на видеото.

„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси.

Режијата е на Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Филмот е на редовниот репертоар на „Синеплекс“ и „Киноверзум“ во Скопје, Штип и Велес. Информации за времето на прикажувањaта и во другите градови има на официјалната Фејсбук страна на филмот.

Share
Scroll to Top