Легендарниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан, бурно реагираше на трибините откако неговиот некогашен тим киксна во последните моменти од мечот со Борусија Дортмунд и одигра нерешено 2:2.
Баерн Минхен водеше со 2:1 до 90 минута, кога новото засилување на Дортмунд Антони Модеста успеа да му донесе бод во последната секунда од мечот. Голот го изнервира сега веќе директорот во Баерн, Кан кој полуде во свечената ложа. Прво направи гримаса, а потоа легна на столицата и удри во стаклената ограда.
За потсетување, со ремито, Баерн покажа дека е во лоша форма во првенството. Во Лига шампиони има три убедливи победи и се први во групата. Во Бундеслигата забележаа само една победа во последните шест натпревари. Во моментов се на третата позиција со 16 бода од девет мечеви. Исто толку има и Дортмунд.
Oliver Kahn’s reaction to Dortmund’s equalizer ? pic.twitter.com/Cch3v3nqnr
— ESPN FC (@ESPNFC) October 8, 2022