(Видео) Ослободена е принцезата Латифа која владетелот од Дубаи ја држеше како заложник, била снимена во трговски центар со пријателки

(Видео) Ослободена е принцезата Латифа која владетелот од Дубаи ја држеше како заложник, била снимена во трговски центар со пријателки

пред 4 години

Ќерката на владетелот на Дубаи, Мухамед Ал Мактум, принцезата Латифа, која тврдеше дека била држена како заложник во палатата на нејзиниот татко, била фотографирана додека седи во трговски центар во друштво со нејзини две пријателки.

Властите во Дубаи веднаш успеале да ги избришат фотографиите кои ги објавила една од нејзините пријателки на „Инстаграм“.

Латифа последен пат била видена во јавност пред три години. Таа само пред три месеци објави видео и успеа да го испрати во јавноста, во кое го обвини татко ѝ дека ја држи како заробеник.

Откако го испрати видеото, специјални претставници од Обединетите Нации, кои се вклучија во случајот, побараа од властите во Дубаи да покажат докази дека принцезата е жива. Ваквото барање стигна поради грижата дека нејзиниот живот би можел да биде загрозен.

Со новите фотографии од трговскиот тие сметаат дека принцезата повеќе не е држена како заложник и дека е ослободена од палатата. Повеќе со неа нема ни вооружена гарда која ја следи.

Од Обединетите Нации велат дека се надеваат дека на принцезата ќе и биде дозволено да ги напушти Обединетите Арапски Емирати.

Латифа (34) била сликана со двете пријателки во центарот на Емиратис Мол во Дубаи. Ова е првпат да е видена во јавност по инсценираните фотографии со поранешната ирска претседателка Мери Робинсон во декември 2018 година.

Пред три години, таа се обиде да избега од палатата. Во драматичното бегство таа користела и џет скии и јахта, но, на крајот била брутално вратена и присилена на репатријација.

Во видеото кое го снимила по нејзиното бегство, таа кажа: „Јас сум бегалец. А оваа вила е претворена во затвор. Сите прозори се затворени со решетки. Надвор има пет полицајци, а внатре две полицајки. Не можам да излезам на свеж воздух. Воглавно јас сум држена како заложник“.

Таа побегна од Дубаи во февруари 2018 година, откако го сними видеото, во кое ја откри својата проблематична врска со нејзиниот татко. Била фатена на јахтата покрај брегот на Индија и била насилно вратена во Дубаи, каде била затворена во вилата и деноноќно чувана.

Била покрената и кампања за нејзино ослободување, во кое се барало изрекување на санкции кон владетелот на Дубаи поради неуспехот да ја пушти ќерката и да ги исполни барањата на Обединетите Нации.

Давид Хеј од кампата рече: „Потврдуваме дека во кампањата имаше неколку потенцијално значајни и позитивни случувања. Во оваа фаза немаме намера понатаму да даваме било какви коментари и во соодветно време ќе дадеме нови дополнувања“.

Share
Scroll to Top