Пацифичката островска држава Тонга деновиве се соочува со сериозни предизвици поради силната ерупција на еден подводен вулкан, кој потоа предизвика земјотрес и цунами.
Иако ситуацијата е крајно сериозна и има прекин на телефонските и интернет линии, сепак некои од политичарите сметаат дека вулканите можат да се искористат за подобрување на економијата, поточно за копање биткоини.
Некогашниот пратеник во парламентот Матаиулуа Фонуамоту, предложил биткоинот да стане законско средство за плаќање, исто како и во Ел Салвадор, а парламентот овој негов предлог ќе го гласа во мај.
Тој вели дека Тонго има 21 вулкан.
„Тоа е еден вулкан на секои 5000 луѓе. Потребни се 2 мегавати електрична енергија за да услужи 5000 луѓе. Значи околу 20.000 мегавати ќе бидат потребни за целата национална мрежа. Секој вулкан ќе произведува 95.000 мегавати, во било кој момент. Ќе им обезбедиме на луѓето единици за производство на биткоини, 20.000 од нив, затоа што има 20.000 семејства“, рече Фонуамоту.
Геотермалната енергија која ја ослободуваат вулканите би се користела за рударење на криптовалути. Инаку на островот живеат околу 120.000 луѓе, а Фонуамоту смета дека секој ден, секој вулкан може да произведе биткоини во вредност од 2000 долари. Локалната влада биткоините би ги давала на секое семејство во Тонга.
За ваков потфат потребни е околу 26 милиони долари, но, Светска банка рече дека Тонга не е во можност да ги добие тие средства.
Тие сепак успеале да соберат пари низ субвенции и благодарение на Фонуамоту. Освен тоа, еден од вулканите се наоѓа и на територија под управа на неговото семејство.
Се верува дека во целата работа ќе бидат вклучени и поедини кинески компании. Засега криптовалутите се забранети во Кина, но, можно е компаниите кои се занимаваат со таа работа, своите активности да ги префрлат во Тонга.
Just a geothermal well producing 95MW of 100% clean energy.
El Salvador has FOUR and plans to use them to mine #Bitcoin ??pic.twitter.com/qeHYC1zmUk
— Bitcoin Magazine (@BitcoinMagazine) January 9, 2022