Американскиот претседател Џо Бајден, кој неодамна доживеа незгода додека возеше велосипед за време на одморот во Делавер, сега објасни како и зошто паднал.
Според него, виновни биле педалите, односно штитникот што се става на нив и го спречува стапалото да се помести напред. На видеата, кои се раширија на интернет, се виде како Бајден не може да ја извлече ногата од штитникот и паѓа.
Тој бргу потоа стана и им рече на присутните дека е добро. Потоа тимот околу него соошти дека претседателот не добил никакви повреди расеченици и гребаници.
Бајден носеше сива маица, темносин шорц и патики „најки“. Тој возеше со својата сопруга Џил Бајден и група телохранители, а незгодата се случи додека поминуваше покрај новинарските екипи. Тој често вози велосипед додека престојува во Делавер.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Рики Мартин и неговиот 13 години помлад сопруг постигнаа договор околу разводот
(Видео) Мадона првпат видена во Њујорк откако излезе од хоспитализација
Мистериите за Змејскиот триаголник место каде исчезнале повеќе од седумстотини луѓе
(Фото) Пејачот Давид Темелков ја запроси својата девојка Хелена на концерт во Нова Градишка
„Ова се мајка ми Анче и дедо Петре пред 70 години“: Џамбазов го одбележа Светскиот ден на театарот
Уапсен српскиот пејач Слоба Радановиќ

