Холивудската ѕвезда Камерон Дијаз во шоуто на Кели Кларксон зборуваше за напуштањето на Холивуд и за семејниот живот. Таа рече дека мајчинството за неа никогаш не бил лесен и едноставен и призна дека понекогаш знае да ги изгуби нервите и да ѝ вика на ќерката, Радикс, која ја доби со музичарот Бенџамин Леви Маден.
„Навистина тоа е предизвик. Ако пукнете, само понекогаш ќе треба на вашето дете да му кажете: О Боже, мама полуде и не го мислеше тоа што го кажа, посебно ако ти ги повредив чувствата или се вознемири. Сакам да знаеш дека мама е само човечко суштество“, рече Камерон и додаде:
„Мајките не сакаат намерно да бидат злобни, но, моја работа е да ѝ помогнам да најде зборови за да ги искаже своите емоции, своето искуство или она низ што поминува и да ѝ олеснам да помине низ она што не може, а сака да го каже“.
Нејзината кариера во глумата траеше од 1994 до 2014 година. Диаз глумеше во десетина филмови, а четири пати беше номинирана и за Златен Глобус. Таа сега рече дека дека е среќна што конечно може да се посвети на себе си и што е далеку од светлата на рефлекторите.
Таа рече дека на своја кожа почнала да ја доживува светската слава кога имала 22 години, а во подкастот на Гвинет Палтроу In goop Health: The Sessions во 2020 година, рече и дека имало време кога работела и по 12 часа дневно и дека не размислувала за себе и своите блиски.
Објасни дека таквиот начин на живот не ѝ одговарал и дека ѝ е драго што тој период е зад неа.
„На тоа гледам на начин на кој повеќе од половина од мојот живот и дадов на јавноста. Мислам дека е во ред да одвојам време за себе, да се реорганизирам и да изберам како сакам да се вратам“, рече Дијаз. Таа додаде дека не е сигурна дали сака да се врати во Холивуд.