(Видео) Помладиот колега на Никол Кидман за еротската сцена: Се срамев, снимавме без проба

(Видео) Помладиот колега на Никол Кидман за еротската сцена: Се срамев, снимавме без проба

пред 9 часа

Актерот Харис Дикинсон (28) признал дека му било непријатно да сними непланирана интимна сцена со актерката Никол Кидман (57) во филмот Babygirl. Во таа сцена морал без претходна проба да танцува гол на песната на Џорџ Мајкл, а истакнал дека му е срам, пишува Дејли Мејл.

„Режисерката Халина Рејн ја пушти песната и рече: ‘Само танцувај’. И танцував, претходно испив малку виски, но тоа беше непријатно“, рече актерот, нагласувајќи дека Никол Кидман му била голема поддршка и ја опиша како исклучително срдечна личност.

„Таа создава атмосфера на снимањето и прави сите да се чувствуваат удобно, ранливо и смешно бидејќи е исклучително храбра“, додаде Дикинсон.

И Никол Кидман неодамна проговори за своето искуство со снимањето на овој филм. Таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни. Рекла дека се чувствува фрустрирано и повремено мислела дека повеќе не сака да снима такви сцени.

Share
Scroll to Top