Поткастот на Меган Маркл стана најслушан во светот. Видеото го стигна и поткастот на Spotifyu и така го симна од тронот Џо Роган и неговото долгогодишно видео The Joe Rogan Experience.
Првата епизода на поткастот на Меган Archetypes привлече милиони слушатели низ светот и го зазема првото место во САД, Канада, Австралија, Ирска и Обединетото Кралство, пренесе Daily Mail. За само два дена по претставувањето, поткастот вреден 18 милиони долари, го престигна и видеото на Роган, кое три години по ред беше прво.
Сопругата на Хари рече дека со поткастот има намера да ги истражи етикетите кои се обидуваат да ги дефинираат и ги ограничат жените во друштво. Во првата епизода, Меган ја повика тенисерката и нејзина голема пријателка Серена Вилијамс.
Разговараа за нејзината кариера и заблудите за амбициозните жени. За потсетување, по објавената прва епизода, Меган е критикувана од голем број фанови кои мислат дека не се снашла во новата улога и дека премногу зборува за нејзиниот живот.
(Видео) На фановите не им се допадна првиот поткаст на Меган