На Твитер масовно споделуваат сцена од Симпсонови прикажана во 1998 година.
Во една епизода, авторите го прикажаа враќањето на Советскиот Сојуз и повторното појавување на Студената војна.
Видеото прикажува како Западот се обидува да најде решение да ја запире војната. Оваа епизода е наречена Simpsons Tide и е прикажана во март пред 24 години. Во тоа време, претседател на Руската Федерација беше Борис Елцин.
When has the Simpsons not predicted anything? #Russia pic.twitter.com/tqkJ06j7bx
— Frøst? (@kibet_kevink) February 24, 2022
Епизодата го прикажува Хомер Симпсон како се приклучува на морнарицата, Русија во Обединетите нации го менува своето име во Советски Сојуз, маршираат војници, тенкови и го обновува Берлинскиот ѕид. Во продолжение е прикажано и оживувањето на Владимир Илич Ленин. Ленин во „Симпсонови“ рекол дека „мора да го уништи капитализмот“.
„Дали Симпсонови предвидуваа криза меѓу Украина и Русија?“ „Симпсонови знаат сè“, „Тие го направија тоа повторно“, се кометира на Твитер.
Simpsons called it… #Russia #SovietUnion #Putin pic.twitter.com/9OQ9nSpiGF
— Matthew Walton (@Waltonamo) February 22, 2022
Инаку, обожавателите на Симпсони знаеле да споделат различни сцени од серијата која се емитува од 1989 година за секој голем настан во светот, тврдејќи дека е полна со „предвидувања“. Сепак, поверојатно е дека историјата честопати само се повторува.
The Simpsons predicted the
Crisis of #Putin, #Russia,#Ukraine and #Donetsk and#Luhansk way before it was cool ??#RussiaUkraineCrisis#Ukraina #ukrainerussia #USA pic.twitter.com/Hqd2icRj6w— Genius Manushya (@GeniusManushya) February 22, 2022