(Видео) Пратеникот кој гледаше порно во Собрание си поднесе оставка

(Видео) Пратеникот кој гледаше порно во Собрание си поднесе оставка

пред 2 години






Пратеникот на социјалистите Звонимир Стевиќ кој беше снимен од новинарите како гледа порно за време на седница во Сорбрание си поднесе оставка, пренесе „Блиц“.

„Поднесов оставка на местото пратеник пред половина час. Не можам повеќе да зборувам, побарајте ме повторно за два часа“, им рече Стевиќ на новинарите.

За потсетување, Стевиќ гледаше порно за време на седницата во која се дебатираше за Косово и Метохија. Беше член на собраниската Комисија за Косово и Метохија, заменик член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања. Претседател е и на покраинскиот комитет на социјалистите за Косово и Метохија со резиденција во Приштина.

(Видео) Пратеник за време на седница гледа порно

 





Share
Scroll to Top