Во ботаничка градина во Холандија, за првпат по две децении процвета редок вид на билка во форма на пенис. Од боганичката градина на Универзитетот во Лајден велат дека ова е третпат овој вид да процвета во Европа, од 1997 година, пренесува „Си-ен-ен“.
Шестогдишната билка со стручно име Amorphophallus decus-silvae ја засадил волонтер од градината Рудмер Постма. Персоналот од ботаничката гадина за првпат го забележал растението на средината на септември, а за нешто повеќе од месец дена, тоа стана високо половина метар.
Билката е со потекло од Индонезија. За нејзиниот раст потребно е топло време и влага. Таа тешко расте на европско тло. Нејзиниот непријатен остар мирис, кој е сличен на расипано месо, им помага на градинарите да предвидат кога таа ќе процвета.
Тоа се случува во две фази велат тие. Во фаза на женското и машкото цветање. Во фазата на женското цветање, белиот дел од цветот, во облик на фалус, се загрева и емитува лош мирис.
„Сè уште не мириса многу лошо, но, како минува времето мирисот станува поинтезивен“, рече една од волонтерките во градината, која работи и како учителка по јога, Рос Кокен во видеото објавено на Тик-ток.
Лошиот мирис ги привлекува мувите кои се собираат на билката и го покриваат поленот кој билката го произведува за време на фазата на машкото цветање, пишува „Си-ен-ен“.
@plantwithroosCheck out this Amorphophallus decus-silvae in bloom for the first time in 24 years, and the 3r time EVER in Europe. It’s a very special, smelly day?♬ original sound – Plant with Roos