(Видео) Рецепт за домашна боранија од Миа Костова

(Видео) Рецепт за домашна боранија од Миа Костова

пред 2 години

Поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова на социјалната мрежа Инстаграм го објави рецептот за омилено јадење на нејзиниот син Андрија. Зборува за домашна боранија, која често се готви во нејзиниот дом, и е рецепт од мајката на нејзиниот пријател Адо.

dobivaj vesti na viber

Миа вели дека кога на Андрија ќе му понуди хамбургер или боранија, тој дефинитивно ќе ја одбере боранијата.

За сите нејзини следбеници таа го објави рецептот како да подготват домашна боранија.

„Пропржувате главица кромид, сол, црн пипер, вегета, зачини по желба. Додавате мелено месо и го пржите додека не е готово, во меѓувреме додавате лукче, моркови и еден компир. На крај ја додавате боранијата, и задолжително два до три листа лавров лист. Додавате вода да почне да се вари. Додека се вари додавате една лажица црвен пипер (за да не ја запржувате), по половина час додавате и една шолја доматно пире или свеж рендан, по желба. Кога ќе зоврие водата, ама да не е сосема сува, префрлате во тавче и на печење пола саат“, објави Костова.

Миа во интервју за Репортер откри дека е голема домаќинка и сака да готви.

„Кај мене дома се јаде сè и барем четири пати во неделата имам манџи“, рече Миа.

 

 

Share
Scroll to Top