(Видео) Ријана ги навреди муслиманите на нејзината најнова ревија

(Видео) Ријана ги навреди муслиманите на нејзината најнова ревија

пред 7 месеци

Светската поп пејачка Ријана ги исмеала муслиманите на нејзината последна ревија за долна облека, пренесуваат светските медиуми. Песната која поп ѕвездата ја искористила на нејзината ревија, содржи свет исламски текст хадис, кој според верувањата на муслиманите, ги изговорил пророкот Мохамед за неговиот живот. Ваквата песна длабоко ги повредила чувствата на секој муслиман, пренесуваат медиумите.

Видеото кое се најде на социјалните мрежи, ги прикажува манекенките кои ги носат парчињата на облека на Ријана, Savage x Fenty, додека во позадина се слуша песната Doom, од лондонската продуцентка Коукоу Чоли.

Ваквата песна предизвика лавина негативни коментари, особено од страна на муслиманите, чии чувства поп ѕвездата ги повредила. Споменатата песна содржи свет исламски текст хадис. Спорниот музички исечок во ремикс е забрзан, но оние кои знаат за што се работи, лесно ги препознале зборовите и нивното потекло.

На социјалните мрежи револтираните муслимани барале од Ријана да се извини за овој непромислен чин, кој длабоко ги повредил и затоа што си поиграла со нивните чувства, за нешто што тие го сметаат за свето.

Тие пишуваат дека поп ѕвездата не ја почитува нивната религија и дека повеќе тоа не можеле да го игнорираат. Тоа за нив бил голем пропуст и срамота. Некои и забележаа на Ријана дека со години била во врска со муслиман и дека морала да знае подобро од ова.

Share

AnimeDao animedao website reddit: Attack on Titan Season 2 (https://animedao.nl/m/voOX) Episode 12

AnimeFreak animefreak dororo: One Piece (https://animefreak.ws/m/xpZ) Episode 970

Scroll to Top