(Видео) Сатја Грабулоски му направи специјални патики на Стево Пендаровски со претседателскиот грб и „Македониумот“

(Видео) Сатја Грабулоски му направи специјални патики на Стево Пендаровски со претседателскиот грб и „Македониумот“

пред 2 месеци

 

Дизајнерот Сатја Грабулоски му нацрта патики на претседателот Стево Пендаровски, на кои се „Македониумот“ и претседателскиот грб со македонското знаме. Патиките од брендот „Најки“ специјално се изработени за Пендаровски, а ќе бидат дел од изложбата „Зад Македониумот“, што се отвори вчера.

„Освен Барак Обама, Пендаровски е единствениот претседател во светот што добил уникатни патики изработени лично за него“, вели Сатја за „Репортер“.

На изложбата, што се отвори во Кабинетот на претседателот и ќе трае до 30 септември, има и скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на „Македониумот“ во Крушево.

„Од денес почнуваме со ‘Зад Македониумот’, ексклузивна изложба на скици, цртежи, фотографии и макети од приватната колекција на семејството Грабулоски, авторите на македонската скулптурно-архитектонска гордост“, напиша Пендаровски на видеото што го објави на социјалните мрежи.

Неодамна во интервју за „Репортер“, Сатја, освен за работата со светските ѕвезди, зборуваше и за своето семејно наследство.

„Дедо ми и баба ми го дизајнираа ‘Македониумот’, но не сум бил таму одамна. Се разочарав кога бев последниот пат и видов училишна клупа среде музејот, на која се продаваа сувенири. Неодамна макета од ова дело и скици од ‘Македониумот’ беа изложени во МОМА, најпознатиот музеј на современа уметност во Њујорк. Не можам да опишам колкава гордост е да го видиш семејното наследство на еден ваков настан“, ни кажа тогаш Сатја.

Share
Scroll to Top