(Видео) Светскиот готвач Салт Бае го прекрши правилото на ФИФА ѝ го бакна пехарот

(Видео) Светскиот готвач Салт Бае го прекрши правилото на ФИФА ѝ го бакна пехарот

пред 2 години

Познатиот светски готвач, Салт Бае и покрај тоа што не му беше дозволено, по финалниот натпревар меѓу Франција и Аргентина го зема трофејот и го бакна. Многумина негодуваа и му замерија на турскиот готвач, бидејќи само неколкумина избрани луѓе им е дозволено да го допрат пехарот.

Бае не е единствениот кој го прекрши ова правило. Претходно во 2014 година, истото го направи и пејачката Ријана, откако го зема трофејот за време на победничката забава на германската репрезентација.  На истата забава, сопругите, партнерите, девојките и децата на победничкиот тим го допреа овој трофеј.

За потсетување, дозвола да го допрат имаат само победниците на Светското првенство и шефовите на државите. Според ФИФА, истиот е направен од 18-каратно злато и се проценува на околу 20 милиони американски долари.

Share
Scroll to Top