Ученик од седмо одделение во школо во Мичиген, спречи трагедија и ги спаси сите во автобусот во кој се возеше. Дилон Ривс во последен момент го фати воланот на шоферот кој во тие моменти се онесвести и безбедно го запре возилото на пат во областа Детроит.
„Некој нека викне итна помош одма“, им викна Ривс на своите другари кои биле со него во автобусот.
Денес американските медиуми го слават како херој кој самиот спасил автобус полн со деца.
„За моите 35 години работа во школото, досега немам видено ваква храброст и зрелост од толку млад ученик“, рече директорот на школото Роберт Ливерноа и додаде дека во моментите кога возачот изгубил свест, автобусот почнал да преминува во спротивната лента.