(Видео) Седумгодишно девојче е извлечено живо од под урната зграда 136 часа по земјотресот

(Видео) Седумгодишно девојче е извлечено живо од под урната зграда 136 часа по земјотресот

пред 2 години






Седумгодишната Исра, која била скоро шест дена под урнатините на зграда во Хатај, е спасена 136 часа по земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. Спасувачите откриле дека под урнатините на зграда во населбата Дефне има живо лице и по неколкучасовна акција успеале да го спасат девојчето.

Видеото од спасувањето се споделува на интернет, а корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека чуда постојат и веруваат дека спасувачите под урнатините ќе најдат ќе најдат и други преживеани.

Девојчето откако беше извлечено од разурнатата зграда, беше веднаш префрлено во болница.

 





Share
Scroll to Top