(Видео) Се гради првиот пловечки град на Бахамите, цените на становите стигаат и до 1,5 милијарди долари

(Видео) Се гради првиот пловечки град на Бахамите, цените на становите стигаат и до 1,5 милијарди долари

пред 3 месеци

Во близина на Бахамите се гради првиот град на пловечки остров. Секој кој ќе сака да биде жител во новиот град, ќе мора најмалку да издвои 20.000 долари, а најлуксузните места, станови и вили ќе достигнат цена и до 1,5 милијарди долари.

На осторовот ќе можат да се населат околу 15.000 жители. На него ќе ги има сите услови кои ги има во обичен град. Ќе биде со училишта болници, кина, театри и слично. Островот е така направен, да може да се избегнат сите опасности од силните невремиња, урагани и бранови.

При изградбата користени се бетонски модули со високи перформанси. Неговите надворешни sидови се со димензии над 48 метри, така што дури и најголемите океански бранови не можат да го оштетат, што го прави целосно безбедено место за живеење.

Островот има површина на половина од Монако. Становите и вилите ќе почнат да се продаваат уште овој месец, а целосната распродажба се очекува да се случи до 2025 година.

Ако сè оди според планираното, некои од овие домови ќе им бидат предадени на сопствениците до 2023 година. Островот е обележан со прекрасни фасади и водени површини. Пловечките домови нудат многу места за одмор и релаксација и се наоѓаат недалеку од Мајами и Бахамите.

Според креаторите на овој голем проект, водниот град ќе се напојува со употреба на обновливи извори, со цел да се одржат минимални емисии на СО2.

Исто така, силното чувство за заедница ќе биде најголемото богатство на овој град, каде што луѓето ќе можат да се собираат во паркови, деловни центри, меѓународни училишта и да учествуваат во разни општествени активности.

Share

AnimeHeaven animeheaven dragon ball: Jujutsu Kaisen (TV) Recap (https://animeheaven.pro/m/lYo6) Episode Full

AnimeDao sites like animedao: One Piece Episode 969

Scroll to Top