(Видео) Се ожени музичарот Петар Маркоски, свиреше виолина, па ја покани невестата на прв танц

(Видео) Се ожени музичарот Петар Маркоски, свиреше виолина, па ја покани невестата на прв танц

пред 2 години

Македонскиот музичар Петар Маркоски се ожени со неговата долгогодишна девојка Марија Јосифовска. На свадбата Петар го отсвире почетокот на валцерот кој го одбраа за првиот танц, пa му се приклучи бендот, а потоа ја покани невестата заедно на подиумот да го одиграат танцот.

dobivaj vesti na viber

Тој и Марија во 2019 година беа на патување во Холандија, каде што Петар ја побара за жена. Пејачот и виолинист тогаш објави неколку заеднички слики од Хитхорн, градот на вода кој нема улици туку канали, и откри дека како вистински охриѓанец ја побарал Марија за сопруга додека се возеле со кајче.

„Вистински охриѓанец ќе си најт кајче и во Холандија, да си земит мома охриѓанка за вечност“, напиша Петар.

Јавноста го запозна Маркоски со учеството во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“. Тој лани ја промовираше песната Una Signora. Во меѓувреме направи преработки на неколку познати светски хитови, а ги отсвире на виолина.

Share
Scroll to Top