Актерот Бред Пит повторно изненади со својата појава на премиера на филмот „Булет Треин“. Овој пат тој на црвениот тепих во Лос Анџелес се појави во зелен костум и жолти патики.
Ваквата појава на Пит, модните експерти ја оценуваат како доста смела, но реакциите се позитивни.
На премиерата на филмот во Лос Анџелес, актерот скокна за да и се придружи на екипата на црвениот тепих.
Наместо смокинг, тој беше облечен во лежерно издание и беше апсолутна ѕвезда на вечерта.
Да потсетиме, Пит на крајот на јули на премиерата на овој филм во Берлин облече здолниште.
Hoppin’ on the @BulletTrain with #BradPitt
Get on board in theaters Thursday: https://t.co/n41HXqZ1q2 pic.twitter.com/uJeMIpCzEk
— Sony Pictures (@SonyPictures) August 2, 2022