Скопјанецот Јасмин Алиевски, ги освои сите шест гласа во саботата во „Ѕвездите на Гранд“ и директно се пласираше во следниот круг.
Јасмин доби пофалби, бидејќи на сцената според жирито одлично ги изведе двете песни иако имал виоска температура.
Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер на сцена да измери температурата.
Пофалните зборови за пеењето на Алиевски кажа жирито, додека пак Поповиќ кажа дека тој е најдобриот кандидат досега од Македонија.
„Прекрасни сте и двајцата кандидати, бевте одлични“, беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.