(Видео) Смрт за 2020: Пародија која вреди да се гледа

(Видео) Смрт за 2020: Пародија која вреди да се гледа

пред 3 месеци

Годината зад нас ќе остане запаметена како една од најтешките за целокупната светска популација, но она што донекаде е добра вест е тоа што не е „убиена“ смислата за хумор, за што сведочи и новото остварување на Нетфликс, насловено како „Смрт за 2020 година“.

На интернет е поставен трејлер за новиот „мокументарец“, односно пародија на документарниот жанр, со симболичен наслов „Death to 2020“.

Тоа е филм на Нетфликс зад кој стои Чарли Брукер, творец на популарната серија „Black Mirror“, а во кој неколку познати актери се појавуваат во улогата на „експерти“ кои ја анализираат изминатата година, секој од свој агол.

Меѓу нив се наоѓаат Семјуел Л. Џексон, Лиса Кудроу, Лесли Џоунс, Хју Грант, Кумаил Нанџијани, Трејси Алман, Кристин Милиоти, Самсон Кајо, Дајана Морган и Џо Кири. За режијата беше задолжен Ал Кепмбел, додека Чарли Брукер и Анабел Џоунс се извршни продуценти.

Во прашање се творците на серијата „Black Mirror“ кои рекоа дека оваа година не морале ни да снимат нова сезона, затоа што реалноста е таква каква што ни тие не би ја измислиле, па ќе биде интересно да се види како влијаеле врз ова остарување.

Идејата за овој филм е тоа да се претстави како лажен документарец, во кој секој се обидува да ги објасните реалните случки од минатата година и тоа без никакво воздржување. Сите имаме свое видување на неа. Целта е секако низ хумор, макар и горчлив, да помогне сите заедно да се простиме од 2020 година.

Филмот имаше премиера на Нетфликс на 27 декември

Share

AnimeFreak amine freak tv: Boku no Hero Academia 5th Season (https://animefreak.ws/m/Z83o) Episode 3

ANIMEFLIX animeflix reddit: The Quintessential Quintuplets 2 Episode 12

Scroll to Top