(Видео) Сонувам за моите пет минути: Тијана Периќ има нова песна

(Видео) Сонувам за моите пет минути: Тијана Периќ има нова песна

пред 2 години

Тијана Периќ (20)  ја промовираше својата втора песна, насловена како „Сонувам“ за која Ѓорѓи Крстевски e комплетен автор. За песната е сниман и видеоспот во кој Ана Стрелкова со својот талент за цртање на песок, на целиот проект му дава една поинаква димензија.

„Во песната пеам за љубов којашто е многу силна, толку силна што може да помине низ секаква бура од емоции и на крајот повторно да остане само чиста, силна и вистинска“, вели Тијана. И додава : Песната се подготвуваше пет месеци со тоа што најмногу време и труд беше вложен во тоа спотот да се поклопи целосно со песната, па затоа цртањето на песок ни одзеде многу време, но на крајот се исплатеше. Крајниот резултат е уметничко дело што ни ги задоволи очекувањата и притоа е прво вакво нешто уметничко кај нас“, открива пејачката.

Инаку, ова е втора песна на Тијана, после „Писмо“. Периќ студира на Факултетот за музичка уметност и вели дека сака да остане доследна на својот музички правец, и покрај тоа што сосема поинаква музика во моментов е многу популарна.

„Сонувам за успех по патот по којшто почнав да чекорам. Верувам дека секој труд и квалитет се исплатат и затоа трпеливо ќе сонувам за ‘моите 5 минути’, а дотогаш останува да работам на себе и да не престанам да се трудам и напредувам“, вели Тијана Периќ.

Иван Петровски, гитара, Џоле Максимовски – бас гитара, Иле Спасев – микс и мастер и Сара Пројковска како дел од пратечите вокали се исто така дел од ова песна. .

Share
Scroll to Top