(Видео) Сопругата на Брус Вилис сподели емотивна снимка од актерот со својата ќерка

(Видео) Сопругата на Брус Вилис сподели емотивна снимка од актерот со својата ќерка

пред 2 дена

Ема Хеминг, сопруга на актерот Брус Вилис, објави емотивно видео од нејзиниот сопруг со нивната најмлада ќерка Евелин на Инстаграм. Брус ја носел ќерката на раменици и со неа се шетал низ Менхетен, а девојчето уживало и се смеело.

„Најдоброто место за седење“, напишала Ема на видеото.

Според Daily Mail, споделеното видео наводно било снимено во 2019 година, пред на актерот да му биде дијагностицирана афазија, која подоцна еволуирала во дијагноза на фронтотемпорална деменција (FTD).

И покрај тоа што е постаро видео, тоа ги израдува фановите на Брус. „Ова е убаво и во исто време срцепарателно“, „Најважно е што знае дека е сакан“, „Прекрасно е што неговите ќерки ќе можат да ги погледнат овие прекрасни спомени и да се сетат колку тато ги сакаше“ , „Спомените можат да бидат утешни и болни во исто време“, се дел од коментарите.

Share
Scroll to Top