(Видео) Спектакуларни огномети ширум светот, светските метрополи ја дочекаа 2023 година

(Видео) Спектакуларни огномети ширум светот, светските метрополи ја дочекаа 2023 година

пред 1 година

Новогодишната ноќ низ светските метрополи ширум светот во првата година по пандемијата на коронавирус привлече голем број луѓе на улиците, со спектакуларни изведби на музички ѕвезди и огномет.

За многумина ова е прв дочек во последните три години, каде што прославите се целосно ослободени од ограничувањата поради пандемијата.

Велика Британија ја дочека Новата година со огномет над реката Темза. Со снимка со нејзиниот глас и зборовите од актерката Џуди Денч ѝ се оддаде почит на починатата британска кралица Елизабета Втора. , Потоа му се оддаде почит и на кралот Чарлс, со неговата порака за зачување на иднината на планетата.

Многумина присуствуваа на прославата и во Единбург, кој претходно беше изгласан за најдобра локација за дочек на 2023 година. Спектакуларни сцени имаше и во Берлин. Новата година во Германија започна со огромен огномет на небото над Берлин.

Пред одбројувањето и огнометот што започнува на полноќ, парижаните и туристите беа поканети да се соберат на Шанзелизе од 22 часот за да уживаат во музичката програма во чест на француските уметници.

Традиционалната новогодишна ноќ на Шанзелизе во Париз е зголемена со илуминација. Новогодишниот огномет се врати по пауза од две години.

Њујорк традиционално ја дочека Новата година на Тајмс Сквер. Публиката до полноќ имаше можност да ужива во изведбите на J-Hope и New Edition, а на полноќ беше пуштена песната на Френк Синатра „New York“. Студеното време и снегот не ја расипаа новогодишната еуфорија која владееше оваа ноќ.

Прославата не ја заобиколи ниту Москва, иако властите го затворија познатиот Црвен плоштад поради ограничувањата на пандемските мерки и го зголемија полициското присуство во областа.

Од друга страна, во главниот град на Украина улиците беа пусти и немаше навестување за новогодишна прослава.

Share
Scroll to Top