(Видео) Спилберг првпат со мобилен режираше музички спот

(Видео) Спилберг првпат со мобилен режираше музички спот

пред 2 години

Познатиот американски режисер Стивен Спилберг првпат во неговата кариера режираше спот за новиот сингл на Маркус Мамфорд, фронтменот на групата „Mumford & Sons“.

dobivaj vesti na viber

Музичарот на својот инстаграм-профил објави видео од снимањето на спотот за новиот сингл што ќе го режира оскаровецот Стивен Спилберг.

Интересно е што Спилберг го користел својот телефон за снимањето, додека му се придружила неговата сопруга Кејт Капшо, која е продуцент, како и продуцентката Кристи Макоско Кригер, која работи со Спилберг од крајот на 90-тите.

„В неделата, на 3 јули, во една средношколска сала во Њујорк, Стивен Спилберг го режираше своето прво музичко видео, во една слика, на својот телефон“, напиша Мамфорд.

Стивен Спилберг е еден од највлијателните режисери на денешницата. Добитник е на три Оскари и награда за животно дело.

Share
Scroll to Top