(Видео) Среде пустина во Абу Даби е изградена река, вистинско место за рафтинг, кајак и сурфање

(Видео) Среде пустина во Абу Даби е изградена река, вистинско место за рафтинг, кајак и сурфање

пред 7 месеци

Среде пустина во Абу Даби е изградена река како дел од парк и вреди 50 милиони долари. Ове е вистинско место за рафтинг, кајак и сурфање на Блискиот Исток.

Паркот „Al Ain Adventure“ се наоѓа во подножје на рид и е необична глетка во област каде што нема природни реки. Температурите во текот на летото се качуваат и до 49 степени Целзиусови.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, овој парк е продолжение на сето она што вештачки е создадено во оваа земја, како што се вештачкиот дожд, вештачкиот снег и вештачката плажа.

Речните канали на паркот се долги  1,2 километри па им нуди на кајакарите и рафтерите возбудливо искуство. Паркот е признат низ целиот свет, дури и меѓу спортските професионалци. Во него доаѓаат професионални рафтери, кајакари и сурфери. „Al Ain Adventure“ е особено популарен за тренинзи и редовно е домаќин на 300 спортисти од 35 земји.

Управувањето и одржувањето на паркот е предизвик. Водата во реката е десалинизирана вода од емиратот Рас Ал Каима, кој е оддалечен 300 километри. Десалинизацијата значи претворање на морската вода во свежа вода за да се задоволат највисоките стандарди. Секој ден се трошат 48,4 милиони литри вода. Паркот „Al Ain Adventure“ беше повторно отворен лани во декември, по тригодишна пауза поради пандемијата на коронавирус.

Share
Scroll to Top