Деведесет и деветгодишната Русинка Марија Колтакова пилотирала со рускиот авион Su-34 на воениот аеродром „Балтимор“ во нејзиниот роден град Воронјеж во Русија. Таа пилотирала додека седела во симулатор, кој создава совршени реални услови како и во вистински авион.
Таа седела покрај професионален пилот, потполковникот Андреја Дјаченк, и за момент ја презела контролата над леталото. Колтакова ја нарекуваат железната баба затоа што веќе извела многубројни подвизи, вклучувајќи и скокови со падобран, нукрање и лет со балон.
Дјаченк вели дека со негова помош Колтакова успешно го управувала авионот, а за момент и самата ја презела контролата.
„Впечатокот е космички. Сè ми се допадна. Летав во облаците и го видов Воронјеж“, изјавила Колтакова.
Таа на „Инстаграм“ му се заблагодарила на Дјаченк објаснувајќи дека вежбале аероботика и полнеле гориво додека авионот се наоѓал во воздухот. Таа објаснила само дека е разочарана затоа што целата работа се случувала во симулатор.
Поранешниот доброволец во Втората светска војна, Колтакова, учествувала во клучната битка за Курск и била дел од војската што го ослободила поголемиот дел од источна Европа, вклучувајќи ги и Харков и Лвов.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
![(Видео) Марија Шерифовиќ сака да му помогне на уличен пејач од Зеница кој се пријавил во „Гранд“ но нема пари за облека и пат](https://info.mk/wp-content/uploads/2023/06/Видео-Марија-Шерифовиќ-сака-да-му-помогне-на-уличен-пејач-356x200.jpeg)
![(Видео) Ајкула изгриза девојка додека пливаше на Малдиви](https://info.mk/wp-content/uploads/2023/04/Видео-Ајкула-изгриза-девојка-додека-пливаше-на-Малдиви-293x200.jpg)
![Дина Јашари ја доби регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“](https://info.mk/wp-content/uploads/2022/09/Дина-Јашари-ја-доби-регионалната-музичка-награда-„Милан-Младеновиќ“-357x200.jpg)
![Деп страда од еректилна дисфункција, тврдат адвокатите на Амбер Херд](https://info.mk/wp-content/uploads/2022/08/Деп-страда-од-еректилна-дисфункција-тврдат-адвокатите-на-Амбер-Херд-312x200.png)
![По 11 часа породување домот сега ни е полн со нежност: Бергузар Корел ја покажа ќерката низ семејни фотографии](https://info.mk/wp-content/uploads/2021/12/По-11-часа-породување-домот-сега-ни-е-полн-со-309x200.jpg)
![(Видео) Судија му ги собираше забите на фудбалер на теренот](https://info.mk/wp-content/uploads/2020/11/Видео-Судија-му-ги-собираше-забите-на-фудбалер-на-теренот-300x200.jpg)