(Видео) Таткото на Новак Ѓоковиќ запеа среде Њујорк и направи шоу

(Видео) Таткото на Новак Ѓоковиќ запеа среде Њујорк и направи шоу

пред 1 година

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, пееше од тераса во Њујорк, а видеото набрзо стана популарно на Инстаграм.

Новак Ѓоковиќ го продолжи патот кон 24. Грен слем трофеј, бидејќи по голема борба и чудесен пресврт успеа да го совлада Ласло Џер со 3:2 во сетови.Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека може да биде неуништлив и ги освои следните три сета.

Новак во Њујорк има голема поддршка од семејството, а сега во шоуто се појави неговиот татко Срѓан.

Имено, Срѓан излегол на тераса и на глас ја пуштил песната „Гледам капу деча свога“, а потоа го испеал текстот на познатата песна.

Share
Scroll to Top