(Видео) Тања и Новица на љубов низ Мелбурн

(Видео) Тања и Новица на љубов низ Мелбурн

пред 4 години

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг, Новица Василевски, беа на прошетка низ Мелбурн без синовите. Пејачката не криеше дека ужива во вечерта, па објави неколку фотки и видеа, од пристаништето во Мелбурн, но и додека со Новица беа во познатото „Краун казино“.

„На љубовен состанок со сопругот“, ѝ напишаа пријателите.

Двојката веќе неколку години живее и работи во Австралија, а Тања последниов период е постојано ангажирана со настапи. Но, откако во земјата се намалија рестрикциите воведени поради короната, тие фамилијарно често одат на патувања во околината на Мелбурн. Тања неодамна објави и неколку слики и видеа од плажа, каде што се дружеше со поранешната пејачка Маријана Новачевска, од дуото Маријана и Росана.

Share
Scroll to Top