(Видео) Тања Лазаревска ја бива за кошарка: Еден на еден со синот Петар

(Видео) Тања Лазаревска ја бива за кошарка: Еден на еден со синот Петар

пред 3 години

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска покажа дека ја бива и за кошарка. Таа играше еден на еден со постариот син Петар пред нивната куќа во Мелбурн. Даде неколку коша, нешто промаши, а сликите и видеата ги објави на социјалните мрежи.

„Предизвик со мојот син. Кошарка во време на локдаун“, напиша таа. Следбениците ја прашаа кој победил, ама Тања не им откри.

Пејачката, која неколку години со семејството живее во Австралија, откако лани почна карантинот во земјата, откри дека научила да прави торти и колачи. Таа пролетта се пофали со првата направена торта, а од неодамна на нејзиниот јутјуб-канал споделува видеа од рецептите што ги готви.

Share
Scroll to Top