На „Тик ток“ се шири видео од телохранителите на новиот британски крал Чарлс Трети. Некои заговорници тврдат дека се со лажни раце и дека вистинските ги кријат под костимите. Тие се подготвени да интервенираат во секој момент да го заштитат кралот.
Џејсон кој го објави видеото го забави и ги зумираше лажните раце. Оние кои го поддржуваат тврдат дека телохранителоте изгледаат многу сомнително. Видеото е видено повеќе од 11 милиони пати.