(ВИДЕО) Том Круз меѓу навивачите на отворањето на Светското првенство, фановите го опколија на трибините

(ВИДЕО) Том Круз меѓу навивачите на отворањето на Светското првенство, фановите го опколија на трибините

пред 2 часа

Холивудската ѕвезда Том Круз беше забележан на отворањето на Светското првенство во САД, каде што привлече огромно внимание од присутните навивачи.

На видеото кое брзо се прошири на социјалните мрежи, актерот е снимен во ВИП ложата на стадионот, каде што поздравува навивачи и се ракува со присутните кои се обидуваат да стигнат до него.

Фановите веднаш ги извадија своите мобилни телефони за да го фотографираат и снимат еден од најпознатите актери во светот, додека Круз со насмевка возврати на поздравите и вниманието од публиката.

Неговото појавување предизвика голем број реакции на интернет, а снимката за кратко време стана вирална на платформата Икс и другите социјални мрежи.

Инаку, Том Круз е познат како голем љубител на спортот и често присуствува на најголемите светски спортски настани, а овојпат беше дел и од атмосферата на свеченото отворање на Светското првенство во САД.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share
Scroll to Top