Украинските блогери од DreamCar, успеале да направат експеримент со нивниот стар автомобил Opel Manta и место моторно масло, во него ставиле 4 литри од популарниот безалкохолен пијалок Кока-кола. Сакале да видат дали и колку може автомобилот да издржи.
По пет минути и 44 секунди, колку што возеле со Опелот, воздухот почнал да им мириса на „Кока-кола“, а моторот почнал да се гаси. Откако го извадиле моторот, велат дека почнал да изгледа слично, како организмот на оние кои редовно го конзумираат овој пијалок.