(Видео) Цукенберг и официјално го промени името на фејсбук во Мета

(Видео) Цукенберг и официјално го промени името на фејсбук во Мета

пред 3 години

Основачот на најпознатата социјална мрежа „Фејсбук“, Марк Цукенберг и официјално го промени името на својата компанија во „Мета“.

Тој уште минатата недела најави дека планира да го ребрендира компанијата која во своја сопственост ги има и „Инстаграм“ и „Ватцап“.

Засега на официјалната Фејсбук страна сè уште пишува „Фејсбук“, но, логото сè уште не е променето. Дури ни на вработените во компанијата не им било познато новото име, а со денови се нагаѓало кое ќе биде новото.

Прочуената буква Ф, по која оваа страница беше секаде препознатлива, е заменето со симбол кој претставува бесконечност. Потсетува на перек велат луѓето кои се запознати со ребрендирањето.

Единствено што останало исто со стариот бренд е нијансата на сината боја. Цукенберг планира да ја пресели својата компанија од Силицијанската долина, на она што се гледа како следна страна во дигиталниот свет, а тоа е обединување на различни дигитални сетови во нешто што се вика метаверзум.

Во исто време, ребрендирањето на Фејсбук може да помогне компанијата да се ослободи или барем да се оддалечи од голем број на контроверзи со кои се соочува во последно време.

„Многу размислував за нашиот идентитет. Се надевам дека со време ќе бидеме видени како метаверзална компанија“, рече Марк во лајв јавување.

Share
Scroll to Top