ВИДЕО ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Силата на авионските мотори буквално ги „разнесе“ луѓето на Махо бич

ВИДЕО ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Силата на авионските мотори буквално ги „разнесе“ луѓето на Махо бич

пред 2 часа

Вистинска драма се случува на познатата плажа Махо Бич на карипскиот остров Синт Мартен, каде туристите буквално се оттурнати од силниот удар на моторите на авионите при полетување.

На видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа авион на авиокомпанија Insel Air како ги вклучува моторите со полна сила, по што на плажата настанува хаос – луѓе паѓаат, песок и предмети летаат низ воздухот, а моќниот „jet blast“ создава и силни бранови покрај брегот.

Махо Бич е светски позната по тоа што се наоѓа буквално на неколку десетици метри од пистата на аеродромот Princess Juliana International Airport, па туристите често доаѓаат таму за да ги гледаат авионите како слетуваат и полетуваат на екстремно мала височина.

Иако местото е голема туристичка атракција, властите со години предупредуваат дека ударот од моторите може да биде опасен и да предизвика сериозни повреди. Во минатото на оваа плажа имало и трагични инциденти поврзани со силниот воздушен удар од авионите.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share
Scroll to Top