Италијански милионер Џанлука Ваки, се соблече гол кога ја прими втората вакцина против коронавирус во Белград. Тој пристигна со приватен авион, а се вакцинираше во една од салите на саемот во Белград. Ваки беше цело време насмеан и добро расположен, а друштво му правеше сопругата манкенката Шерон Фонсека.
„Ви благодарам за одличната работа. Како што реков, драго ми е што сум тука и имам можност да бидам вакциниран. Се чувствувам како да сум дома. Како што знаете јас сум диџеј и едвај чекам да славиме сите кога ќе помине пандемијата и да направам концерт“, изјавил Ваки.
„Од страна на мојот дедо имам српски корени и се чувствувам блиску до Србите. Јас сум со мешана крв. Јас сум многу поврзан со Белград. Фала ви многу. Луѓето секогаш убаво ме пречекуваат тука и јас сум многу среќен поради тоа“, рече Ваки.
Италијанецот дече дека се чувствувал како да е дома и дека организацијата била на врвно ниво. Тој кажа дека сите вакцини биле добри и дека сите треба да ја примат за да бидат добро. Ваки рече дека немал нуспојави откако ја примил вакцината.
Ваки стигна во Србија да се вакцинира прку негов пријател. Пред да се врати тој им се заблагодари на сите.
„Се враќаме во Болоња, се вакциниравме во Белград. Фала ви Србијо“, рече Ваки во видеото кое го објави по вакцинирањето.
За потсетување, тој неодамна стана татко и со Шерон добија ќерка.