(Видео) Џастин Бибер боледува од тешка болест, половина од лицето му е парализирано

(Видео) Џастин Бибер боледува од тешка болест, половина од лицето му е парализирано

пред 2 години

Канадскиот пејач Џастин Бибер ги откажа настапите, па на социјалните мрежи откри дека лицето му е парализирано. Светска поп ѕвезда откри од што боледува и дека ситуацијата е многу сериозна.

dobivaj vesti na viber

Џастин им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм и ги кажа сите детали преку видео порака. Пејачот се бори со вирус, кој му ја парализирал десната страна на лицето. Бибер им открил на обожавателите дека му бил дијагностициран синдромот Ремзи-Хант. Тој рече дека вирусот му опфатил нерв во увото, што предизвикало парализа, а на видеото се гледа дека не може да се движи или да трепне на едната страна од лицето.

Синдромот Ремзи-Хант, познат и како окуларен зостер, тоа е вирусна инфекција на фацијалниот нерв што се јавува кога инфекцијата со херпес зостер влијае на тој нерв.

Share
Scroll to Top