(Видео) Hyundai гради урбан аеродром за летачки автомобили во Англија

(Видео) Hyundai гради урбан аеродром за летачки автомобили во Англија

пред 5 месеци

Популарноста на летачките автомобили е во пораст, а големите компании како Boeing и Porsche сериозно размислуваат за развој на вакви возила.

Во Англија, во градот Ковентри официјално почна изградбата на првото пристаниште за летачки автомобили.

Британската компанија Urban-Air Port се здружи со Hyundai заедно да изградат таканаречен летачки аеродром и на сите да им покажат што носи иднината.

Новото пристаниште го нарекуваат „Урбан аеродром“ (Urban Air Port). Целта на овој проект е развој на инфраструктурата за следната генерација на електрични и автономни летeчки возила.

„На автомобилите им требаат патишта, на возовите пруги, на авионите им требаат аеродроми, а на електричните летала со вертикално полетување и слетување (eVTOL) им требаат Urban Air Port аеродроми. Пред повеќе од сто години се случи првиот комерцијален лет создаден од современиот свет. Urban Air Port ќе го подобри поврзувањето на градовите, ќе ја зголеми продуктивноста и ќе и помогне на Велика Британија да преземе водечка улога во новата чиста глобална економија “, рече Рики Саду, основач и извршен директор на Urban Air Port.

Urban Air Port е 60 проценти помал од традиционалниот хелиодром и може да се изгради за само неколку дена, а локацијата може да се премести доколку има потреба.

Планот е да се изгради овој урбан аеродром до крајот на ноември.

Share

GoGoAnime anime online: Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500

AnimeHeaven free anime: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1 (https://animeheaven.pro/m/PPQJ/ep-1)

Scroll to Top