(Видео) Kинески балон лета и шпионира над САД

(Видео) Kинески балон лета и шпионира над САД

пред 2 години

Кински балон за набљудување е забележан над северозападниот дел на САД, соопшти Пентагон. Балонот е виден неколку дена пред посетата на државниот секретар на САД Ентони Блинкен на Пекинг.

„Бајден засега нема дадено наредба да се сруши, и не ризикува да ги загрози луѓето во него“, рече официјален претставник од американската одбрана, пренесе „Њујорк Тајмс“.

Посетата на Блинкен на Пекинг е прва на еден американски државен секретар во последните шест години. Се очекува да се сретне и со претседателот Си Џинпинг. Медиумите пренесуваат дека балонот ќе предизвика зголемување на тензиите меѓу двете земји.

Официјален претставник рече дека ова не е првпат Кина да испраќа шпионски балони во САД, но дека во овој случај останал подолго време над земјата. Анонимен извор рече дека балонот не претставува воена или физичка закана и додаде дека има ограничени капацитети за собирање на известувачки податоци.

Балонот патува подолго време над просторот во кој летаат комерцијалните авиони. Американската влада реагирала брзо за да се заштити од шпионажа и собирање на доверливи и чувствителни информации.

Биле испратени борбени авиони да го следат, па некои од комерцијалните авиони биле привремено приземјени на аеродромот Билингс, рече висок официјален претставник од одбраната на САД.

Американските официјални претставници побарале објаснување од нивните кинески колеги и ги известиле за сериозноста на проблемот. Кима има неколку сателити кои кружат околу 500 километри над Земјата. Исто како и американските и кинеските сателити можат да фотографираат и го следат лансирањето на оружјето. За потсетување и двете земји имаат историја на меѓусебно шпионирање.

Share
Scroll to Top