Вилијам Болдвин ќе снима филм во Македонија

Вилијам Болдвин ќе снима филм во Македонија

пред 2 години

Холивудксиот актер Вилијам Болдвин откако ја најави соработката со српските актери за продолжение на серијата „Јужни ветар“, замина за Косово каде ќе продолжи снимањето на филмот „Јас и Милошевиќ“ кој се снима неколку години. Болдвин од таму најави дека ќе снима филм и во Република Северна Македонија. Во изјава за медиумите Болдвин вели дека во неговата агенда има и филм кој треба да се снима и на нашата територија.

dobivaj vesti na viber

„Работам на телевизиската серија во Србија ‘Јужен ветер’, а потоа повторно ќе се вратам овде во Косово за да работам на некои други проекти со Арбен, а имам и филм што треба да го снимам во Северна Македонија“, рече американскиот актер за српски Новости.

Во моментов Болдвин работи на снимањето на филмот „Јас и Милошевиќ“, проект кој собра актерска екипа од познати холивудски, европски и косовски актери. Меѓу нив, покрај Вилијам Болдвин, кој минатиот месец беше во Белград со Ерик Робертс и Жерар Депардје, се и Тони Робинсон и Марија Грација Кусинота.

Како режисер и сценарист на филмот се потпишува Арбен Кастрати. Инаку, филмот на приштинскиот режисер, како што се наведува, ги  претставува настаните од 2003 година кои се совпаѓаат со повоениот период на Косово, а наративот на главниот лик и неговото искуство од настанот се провлекува во филмот, пренесувајќи трагедија, комични сцени и реалноста на населението кое живее во првите денови на слободата, а се очекува во кината во 2023 година.

 

Share
Scroll to Top