Вилијам и Кејт ги изнервираа Британците поради семејниот ручек кај кралицата

Вилијам и Кејт ги изнервираа Британците поради семејниот ручек кај кралицата

пред 6 месеци

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се соочуваат со жестоки реакции кога заедно со принцот Едвард и неговото семејство беа собрани на имотот кај кралицата Елизабета. Реакциите беа затоа што во време на пандемијата, кога Велика Британија се соочува со голем број заболени и со новата мутација на коронавирусот, тие ги прекршија рестриктивните мерки.

Вилијам и Кејт заедно со своите три деца беа фотографирани како се мешаат со семејството на принцот Едвард на имотот на кралицата Елизабета во Сандрингем во неделата, 20 декември. Сите заедно сочинуваа група од девет лица, што е три повеќе отколку дозволеното во  Британија во  рамките на рестриктивните ограничувања поради пандемијата на Ковид-19.

„Дејли мејл“ пишува: „Можете да ги видите пријателите и семејството со кои не живеете на отворено, во група не повеќе од шест. Ова ограничување од шест вклучува деца од која било возраст“. Но, кралски извори за „Дејли мејл“ изјавија дека двете семејства пристигнале одделно и немале намера да ги прекршат рестриктивните ограничувања на владата.

Кејт и Вилијам претходно беа на удар на 11 декември кога ги однесоа принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис на куклена претстава во лондонскиот театар „Паладиум“.

 

Share

WCOStream dubbed anime: Naruto: Shippuden (https://wcostream.cc/m/kzw) Episode 500

KissAnime anime sites: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 7 (https://kissanimeonline.com/m/8qa1/ep-7)

Scroll to Top