Влатко Лозаноски викендов ќе пее во Охрид, прв настап по година ипол

Влатко Лозаноски викендов ќе пее во Охрид, прв настап по година ипол

пред 5 години

Поп-пејачот Влатко Лозаноски викендов ќе има настап во Охрид, на плажата Аквалина. Ова е негов прв голем настап по година ипол, откако пред пандемијата одржа концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Друштво, овој викенд, заедно со мојот бенд, ве чекаме во Охрид на одлична забава во прекрасниот хотел Аквалина“, најави пејачот на Инстаграм.

Пејачот неодамна ја промовираше неговата последна песна „Вардаре“, која за кратко време стана хит.

Share
Scroll to Top