ВЛЕН: Законот за високо образование креиран по мерка на универзитетите,

ВЛЕН: Законот за високо образование креиран по мерка на универзитетите,

пред 4 часа

Политичкиот субјект ВЛЕН соопшти дека новиот закон за високо образование е изработен врз основа на барањата и препораките на академската заедница, со акцент на инклузивен процес и консултации со универзитетите.

Од ВЛЕН истакнуваат дека реформата не е резултат на политички наметнати решенија, туку на процес во кој биле вклучени студенти, професори и институции кои секојдневно се соочуваат со предизвиците во високото образование.

„Го избравме патот на консултација. Ја слушнавме академската заедница и албанските универзитети, и токму затоа можеме да кажеме дека најголем дел од нивните предлози се вградени во финалниот текст на законот“, наведуваат од ВЛЕН.

Како едно од клучните решенија се посочува укинувањето на H-index како основен критериум за оценување на академскиот кадар. Истовремено, се гарантира дека ниту еден вработен нема да го изгуби своето работно место, туку, како што велат, законот отвора простор за професионален развој и напредување.

Од ВЛЕН потенцираат дека измените се дел од поширок процес на корекција на законските решенија од 2018 година, кои, според нив, се покажале како нефункционални. Новите решенија, велат, имаат за цел да го подобрат квалитетот на високото образование и да го приближат до потребите на студентите и пазарот на труд.

„Студентот е во центарот, универзитетот е основа на развојот, а образованието останува национален приоритет“, порачуваат од ВЛЕН.

Share
Scroll to Top