ВЛЕН со порака до ДУИ: Навредите не се политика, иднината е со САД и ЕУ

ВЛЕН со порака до ДУИ: Навредите не се политика, иднината е со САД и ЕУ

пред 2 часа

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија.

Од ВЛЕН посочуваат дека поминале 48 часа од изјавата, а од ДУИ сè уште нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту појаснување. „Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на антизападниот менталитет“, велат од коалицијата.

Во реакцијата се наведува дека секоја политичка структура која се претставува како проевропска и проамериканска, веднаш би се дистанцирала од навредлив говор насочен кон САД и ЕУ. Од ВЛЕН дополнително потенцираат дека особено загрижува фактот што вакви изјави доаѓаат од пратеник кој е доктор по професија и важи за професионално изграден кадар.

„Со право се поставува прашањето каков менталитет преовладува во остатокот од структурите на ДУИ и што мислат личности како Муса Џафери, Блерим Беџети и Садула Дураку“, наведуваат од ВЛЕН. Коалицијата оценува дека ДУИ секојдневно го губи евроатлантскиот курс и, како што велат, поради политичката криза и губењето на довербата кај Албанците, се движи кон опасен антизападен дискурс.

На крајот, од ВЛЕН порачуваат дека Албанците остануваат најпроамерикански и најпроевропски народ во регионот и нема да дозволат, како што велат, ничии политички интереси и паника поради губење на власта да го нарушат тој стратешки и историски правец. објавува Журнал.мк

Share
Scroll to Top