Внукот на основачот на Порше се разведува од сопругата поради деменција

Внукот на основачот на Порше се разведува од сопругата поради деменција

пред 11 месеци

Волфганг Порше (79), австриски богаташ и претседател на надзорниот одбор на автомобилскиот гигант, поднел документи за развод од неговата сопруга Клаудија Хубнер (74), наведувајќи ја како причина нејзината болест слична на деменција.

Блиските членови на семејството откриваат дека Порше изјавил дека смета дека е невозможно да продолжи да живее со својата болна сопруга, како што пренесува Дејли Мејл.

Германските медиуми објавија дека по разделбата во последните месеци, Волфганг се зближил со својојата пријателка со која го познава дваесет и пет години. Станува збор за принцезата Габриела од Лајнинген, која има 59 години.

Што се однесува до поранешната сопруга, психичкото здравје наеднаш и се влошило и веќе неколку месеци не можела да се движи самостојно, велат од семејството.

Клаудија живее блиску со својата ќерка, а четири негувателки се грижат за неа 24 часа на ден. Таа и Волфганг беа заедно 16 години, а се венчаа во 2019 година.

Share
Scroll to Top