Водителката на „Парови“ Слаѓана Петрушиќ објави дека ја лажирала сопствената смрт

Водителката на „Парови“ Слаѓана Петрушиќ објави дека ја лажирала сопствената смрт

пред 1 година

Откао утрово на „Инстаграм“ профилот на водителката и поранешната учесничка во шоуто „Парови“, Слаѓана Петрушиќ, се појави веста дека починала, таа сега се огласи и рече дека ја лажирала сопствената смрт. За потсетување на нејзините „Инстаграм“ и „Фејсбук“ се појави информација во која нејзиното семејство се прости од неа. Беше објавено и како ќе биде погребана.

„Бог има порака за сите и дека е крајно време сите да се сериозни. Медиумскиот молк заврши. Можеме повторно да играме“, рече Слаѓана, а објави порталот „infomedia.hr“.

Голем број од нејзините фанови коментираа дека ваквите шеги се неприфатливи и посочија дека отишла предалеку со ваквите шеги.

За потсетување, Слаѓана изминативе денови објавуваше лажни фотографии од болница и тврдеше дека доживеала страшна несреќа во која и биле скршени двете нозе. Фотографиите ги снимила од една британска веб-страница која известувала за страшната несреќа на една млада жена.

Почина водителката од реалното шоу „Парови“ Слаѓана Петрушиќ

 

Share
Scroll to Top